Kartal Winery, Vranec Barrique 2015

 Овој вранец од малата фамилијарна винарија Картал, која се наоѓа во Скопје, е пуштен во продажба во ограничени количини од 2500 флаши. Грозјето доаѓа од насади на вранец во селото Војница (општина Чашка) во Тиквешкото виногорје.
   Се одликува со изразито темно црвена боја, ароми на капина, сок од вишна, и изразени ноти на даб. Виното е зреено 12 месеци во дабови барици од српскиот производител Ѓорѓевиќ, и е нефилтрирано што секако дополнително допринесува кон неговата комплексност. Танините се изразени, кои со тек на зреењето дополнително кје омекнат, а киселината е приметлива и доаѓа до израз. Послевкусот е долг со ноти на зрнесто зрело овошје,
 црн бибер и каранфилче. 
Kartal WInery Vranec Barrique 2015 може да се најде во продажба само во специјализираните продавници за вино и одредени ресторани во Скопје.
 
  Дегустациски забелешки: Ивана Симјановска
   (дегустирано август 2017)