Chateau Kamnik, Spark, Blanc de Blanc Brut 2010, Скопско виногорје

Пенливо бело вино добиено 100% од сортата Chardonnay, од сопствените насади на винаријата Камник. Виното се одликува со нежна сламеста боја и комплексност која се открива во раскошот на нежните меурчиња. Овој брут e добиен со традиционален метод на четиригодишно созревање во шише, со што се создава моќно и созреано буке со путерна арома и впечатливи овошно-зачински ноти. Елегантниот и кремаст вкус, со бисквитни тонови, совршено е избалансиран со овошни ноти и минерални поттонови надополнети со цитрусна свежина, со што се овозможува долготраен послевкус. 
Уживајте во ова пенливо вино како аперитив, или во комбинација со свежо овошје.
Препорачана температура на послужување: 6-9°C.
Алкохол: 12,0 % by Vol.
Дегоржирано: Aвгуст 2014
Дегустациските забелешки се преземени од веб сајтот на винаријата.