Brusani, Stanushina 2013, Тиквешко виногорје

Оваа станушина покажува изразена вискозност во чашата, а на нос ароми на малини, црвена рибизла и вкус кој е рафиниран со ноти на вишна, јагоди и дополнителни ноти на суви шумски зачини. Избалансирана киселина и релативно долг послевкус. Ова вино е добиено е од винови лози стари 77 години од сопствените насади на винаријата во селото Бегниште, во близина на Тиквешкото езеро. 

Stanushina 2013 на малата винарија Брушани е достапна во продажба само во специјализираните продавници за вино и алкохол како и во некои од рестораните во Скопје. 

Дегустациски забелешки преземени од Македонски вински водич 2014, Ивана Симјановска