Vin Santo 2006 на винаријата Sigalas од Санторини, Грција, победник на BIWC 2016

Добитник на Големиот трофеј за најдобро вино на Балканот за 2016та година е десертното вино Vin Santo 2006 на винаријата Sigalas од Санторини, Грција. 

Останати добитници на трофеи по категории се следниве:

Трофеј за најдобро бело вино - Domain Marash, Lenea Sauvignon Blanc 2015, Bulgaria
Трофеј за најдобро црвено вино - KtimaPavlidis Emphasis, Tempranillo 2012, Greece
Трофеј за најдобро розе вино - Vinum Rosé 2015, Serbia
Трофеј за најдобро пенливо вино - Plantaze Montenegrin Val 2012, Montenegro
Трофеј за најдобро десертно вино - SigalasVinsanto, 2006 Santorini, Greece

Втора година по ред беа доделени трофеи за вина од автохтони сорти:

Трофеј за најдобро бело вино од автохтона сорта - PosipVolarevic 2015, Croatia
Трофеј за најдобро црвено вино од автохтона сорта - Xinomavro, Ramnista 2012, KirYanni, Greece
Трофеј за најдобро десертно вино од автохтона сорта - Grasa de Kotnari 2000 Cotnari, Romania

Стефан Божиков, претседател на комисијата, заедно со другите членови Емануела Ковач и Емил Масларски, втора година по ред ги дадоа своите оцени за најдобар дизајн за етикета. Трофејот е посветен на бугарскиот уметник Кољо Карамфилов, кој е дизајнер на Големиот трофеј на BIWC. 

Трофеј за најдобар дизајн за етикети:  KirYanni, family labels, Greece

Златен медал- Rossidi, family labels, Bulgaria
Сребрен медал - Saga, VinarijaBjelica, Serbia
Бронзен медал - Deuric, family labels, Serbia

Вкупниот број на доделени златни медали на BIWC 2016 е 41 - 14 за Бугарија, 9 за Грција, 1 за Израел, 2 за Македонија, 1 за Црна Гора, 4 за Романија, 8 за Србија и 2 за Турција.

Медали за Македонија
Злато
Chateau Kamnik Signature Merlot Grand Reserva 2012

Stobi Aminta 2013
Сребро

Brzanov Vranec Elixir 2012
Lozar Merlot Excellence 2014
Tikves Temjanika SS 2015
Tikves Vranec SS 2013
Domaine Lepovo Grande cuvee 2013
Бронза
Chateau Kamnik Golden Temjanika 2015
Chateau Kamnik Cuvee de Prestige 2014
Lozar Zupjanka 2015
Lozar Riesling Excellence 2014
Stobi Rkaciteli 2015
Stobi Aura - Syrah Barrique 2013
Stobi Veritas - Vranec Barrique 2013
Tikves Aleksandria cuvee (white) 2015
Tikves Aleksandria cuvee (red) 2014

Балканскиот вински фестивал 2016 беше отворен од организаторите, Галина Нифору и Константинот Лазаракис. На изложувачите и посетителите добредојде им посакаа Радослав Радев, Претседател на Државната комора за лозје и вино и Красимир Коев, Извршен директор на Агенцијата за лозје и вино. Госпоѓата Ана Сендова, член на одборот на BCCI, како и многу гости од Јапонија, Србија, Грција, Албанија, Италија, Турција, Грузија, Израел и интернационалното жири на BIWC 2016.