Втор Скопски вински салон- Винодонија 2017

Оваа година по втор пат на 1ви и 2ри декември во хотелот Мериот во Скопје ќе се одржи Скопскиот вински салон- Винодонија 2017, најзначајниот вински настан во Македонија. Овој салон, прв од ваков вид во земјава, е организиран од Ивана Симјановска, вински писател и интернационален вински судија, Звонко Херцег, вински експерт (WSET), Александар Вучковски, претседател на Здружението на сомелиери на Република Македонија, под чија закрила за одржува настанот, и Дејан Донев, вински консултант.

По огромниот успех кој Винодонија го доживеа минатата година и на едно место успеа да ги собере винариите од Македонија, како и од Балканот, и многу други европски земји како Италија, Франција, итн. оваа година по втор пат ќе ги собере сите чинители на винската индустрија, вински љубители, критичари и новинари, како и преставници од ХоРеКа секторот, бизнис заедницата и преставници од амбасадите во земјава и пошироко. 

Единствена можност да дегустирате повеќе од 300 вина од над 40 винарии од земјава и странство кои ќе бидат изложувачи на Винодонија со купување на дневна карта за салонот која ќе чини 490 денари- еднодневните карти ќе може да се купат на денот на одржување на настанот или пак онлајн на MK. Tickets на следниов линк

http://mktickets.mk/en/nastan/%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BD...

Програмата на салонот вклучува мастер класови на винариите,  Шато КамникТиквеш иСтоби, како и работилници (дегустации) кои ќе ги заинтригираат сите вински љубители:Професионална дегустација со чашите на Риеделедукативна работилница со Стефано Канело, експерт за чаши од Риедел, најпознатата компанија за производство на чаши за винска намена во светот, Спарување на далматинска храна и македонски вина со Џино Премзиќ, еден од најпознатите шефови на кујна и Слободен Чокревски, Претседател на Slow Food Macedonia, Мастер клас на Споредба на црногорски со македонски вранци со Данијела Радеч (Претседател на Здруќението на сомелиери на Црна Гора) и Звонко Херцег (вински есперт-WSET), Мастер клас за Хрватски пенливи вина од дното на Јадранот и вина од амфора со Иво Козарчанин (вински новинар), Мастер клас Бугарија на винската карта. Да ја истражиме! со Галина Тодорова Нифору (директор на BIWC, Интернационалното балканско винско натпрварување), Тајните на станушината- македонскиот пино ноар со Проф. Д-р Климе Белески и Звонко Херцег и Елеганцијата на македонската темјаника со Ивана Симјановска. Цената за секоја од работилниците почнува од 800 денари и истите се веќе пуштени во онлајн продажба- повеќе инфо на следниов линк  http://vinodonia.mk/programa

Во прилог е галерија на слики од минатогодишниот Скопски вински салон- Винодонија. 

 Пишува: Ивана Симјановска