Скопскиот вински салон- Винодонија 2017 во фокусот на винската индустрија по втор пат

Пишува: Ивана Симјановска

Се случи и вториот по ред Скопски вински салон- Винодонија 2017 кој се одржа на 1ви и 2ри Декември во хотелот Мериот во Скопје. Што имавме можност да видиме, дегустираме и научиме, откриеме, и што е она што од моја перспектива ми остави најголем впечаток.

Винодонија, кој полека станува најзначајниот вински настан во Македонија, по втор пат ги собра сите чинители на винската индустрија во земјава. Беа присутни енолозите и маркетинг тимовите на винариите изложувачи, се одржаа интересни работилници кои имаа содржина и порака која требаше да биде пренесена, дојдоа многу вински љубители, критичари и новинари, како и преставници од ХоРеКа секторот, бизнис заедницата и преставници од амбасадите во земјава и пошироко. 

Четириесет винарии од земјава и странство беа учесници на салонот, а посетителите, чиј број беше 1300 во текот на двата дена, имаа можност да дегустираат над 350 етикети на вино. Еден од можеби најинтересните коментари на посетителите беше изненадувањето и можноста да дегустираат вина од винарии за кои никогаш не ни слушнале дека постојат во земјава. Од соседна Србија гости ни беа гости винариите Темет  и Алексиќ, од Италија и оваа година се престави винаријата Фантинел, производителот на просеко, а од Хрватска ни дојде винаријата БенковацСловенечката винарија Пуклавец и пријатели по втор пат беше изложувач на Винодонија

  

  Работилници на Винодонија 2017

Покрај првиот изложбен дел, вториот дел на Винодонија се состоеше од програма каде имавме можност да проследиме интересни мастер часови, предавања и дегустации чија цел беше да се донесе дел од она што е новина во винската индустрија во светот и истата да им се прикаже на домашните вински љубители и ентузијасти, а од друга страна на сите оние кои сакаат да научат повеќе за македонските вина (вклучувајќи огромен број на странци кои живеат во Македонија или пак беа дојдени специјално за настанот), да им се покаже разноликоста на автохтони и регионални сорти од регионов, стиловите на вино и огромниот македонски вински потенцијал кога се работи за нашите вина. 
Се одржаа дегустации на едни од трите водечки винарии во Македонија- Вертикална дегустација на архивни вина од сортата мерло на винаријата Шато Камник со Проф. Д-р Горан Миланов и М-р Сандра Георѓиевска, Умешноста, техниката и технологијата позади белите вина на винаријата Тиквеш со М-р Александра Ристова и М-р Никола Кузмановски и Вертикала на Вранец Веритас на винаријата Стоби

  
Една од поинтересните работилници беше Професионална дегустација со чашите на Риеделедукативна работилница со Стефано Канело, експерт за чаши од Риедел, најпознатата компанија за производство на чаши за винска намена во светот, потоа Спарување на далматинска храна и македонски вина со Џино Премзиќ, еден од најпознатите шефови на кујна и М-р Слободен Чокревски, Претседател на Slow Food Macedonia, мастер час на тема Една сорта, два региона, иста страст со Данијела Радеч (Претседател на Здружението на сомелиери на Црна Гора) и Звонко Херцег (вински есперт-WSET) каде беа преставени едни од најдобрите вранци од Македонија и Црна Гора, како и мастер чаас за Хрватски пенливи вина од дното на Јадранот и вина од амфора со Иво Козарчанин (вински новинар). 

  
Мастер часот
 Бугарија на винската карта. Да ја истражиме! со Галина Тодорова Нифору (директор на BIWC) ни ги откри некои од најдобрите вина на нашиот сосед, Тајните на станушината- македонскиот пино ноар со Проф. Д-р Климе Белески и Звонко Херцег, додека јас одржав мастер час насловен Елеганцијата на македонската темјаника на кој преставив едни од најелегантните примероци на темјаника од земјава. Компанијата Лабена имаше своја комерцијална презентација на анализаторите OeF и WSCSO2 за брза контрола и квалитет на виното, од зрно, за време на ферментација и како краен производ со г-динот Момир Живановиќ (Србија) и Марко Марк (Словенија), регионални менаџери на компанијата за Источна и Југоисточна Европа, и извршниот директор на Лабена, г-динот Борут Чех. 

  Останати изложувачи на Винодонија 2017

За прв пат на Винодонија се преставија и компании чија дејност е тесно поврзана со винската индустрија како Картнер-М, компанија за производство на етикети која се специјализира за изработка на етикети во винската индустрија и веќе успешно соработува со години со многу од водечките македонски винарии, потоа Лабена, компанија која доаѓа од Словенија и нуди аналитички решенија за винската индустрија, а од Србија ни дојде познатата компанија Ѓорѓевиќ Барик која произведува дабови буриња, а веќе има голем број на винарии од земјава кои купуваат нивни производи. 
Ниту еден вински настан не би можел да се замисли без гастро изложувачи, а оваа година ги имаше повеќе од лани. Slow Food Macedonia, се престави со специјалитети припремени од природни состојки и подготвени на традиционален начин, Ликом од Ресен увозник на маслинки и маслиново масло, компанијата за производство на млечни производи Рудине, потоа Златиборац- производител на месни производи и Осоговски млечни производи

  Послевкусот на Винодонија

Минатата година Винодонија ги постави стандардите за тоа како треба да изгледа еден вински салон во Македонија, а оваа година ги потврди. Заклучокот е дека домашната публика е буквално желна за вакви вински настани, на кои има можност да дегустира и научи повеќе за вината и приказната за нивното создавање токму од луѓето кои ги имаат направено, да осети дел од светската винска сцена и попатно да се едуцира на работилниците кои беа одржани на најразлични теми поврзани со виното. На винариите изложувачи им овозможи да го потврдат квалитетот на своите вина, барем кај оние брендови кои што и се многу добро познати на публиката, а на оние помалку познатите, да излезат од анонимноста. 
Послевкусот на Винодонија 2017 уште долго ќе трае, барем до идното нејзино издание следната година.