Скопски вински салон - Винодонија 2016, 11-12 ноември, хотел Мериот

Првиот Скопски вински салон - Винодонија 2016 ќе се одржи на 11ти и 12ти ноември 2016та година, во новоотворениот хотел Мериот во центарот на Скопје. Ваков настан, кој е посветен на виното, винариите, винската индустрија и љубителите на вино, за прв пат се случува во Република Македонија. Скопскиот вински салон е интернационален настан со изложувачки карактер кој ќе се одржува секоја година со намера да се зголеми бројот на винарии, вински авторитети и нивото на винската култура во Македонија. Повеќе од 30 винарии од земјава, како и од Балканот и Европа ќе ги презентираат своите вина. 

Програмата на винскиот салон е богата и вклучува дегустации каде личности од светот на виното ќе презентираат вина од Македонија, Хрватска, Србија, Италија, Франција итн., ќе има дегустации на просеко и шампањ, спарување на вино и чоколада, прeдавања за вински маркетинг и како да се зголеми продажбата на вино во ХоРеКа секторот. 

Организатор на Скопскиот вински салон- Винодонија 2016 е група на македонски вински критичари, судии и ентузијасти кои под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија го организираат овој вински настан.

Скопскиот вински салон е настан е наменет за трговци со вино, вински ентузијасти и вистински љубители на доброто вино. Се гледаме на првиот Скопски вински салон - Винодонија 2016. 

Повеќе информации на следниов линк www.vinodonia.mk , а за да купите билет за настанот кликнете тука http://mktickets.mk/vinodonia-2016