Попова Кула

Почеток на бербата во Македонија

  Бербата на винско грозје во земја започна порано од минатата година земјаќи го во предвид сушниот период кој претходеше. Преставниците на винарниците најавија откуп на целиот род од годинешната реколта, кој според нив е помал во однос на минатаta, но со висок квалитет.

  „Има измрзнување кај одредени сорти и тоа е факт и кај одредени сорти можно е да има  и зголемување на цените кај поквалитетните сорти, а не очекуваме поголемо зголемување на цената од лани кај Вранецот и Смедеревката кои се клучни сорти за Македонија“,Никола Деребанов, винарска визба Стоби.

Министерот Николовски со ветување до винарниците дека ќе се намали непотребниот инспекциски притисок, но и дека наскоро ќе ги добијат дополнителните 2 и 3 денари субвенции кои веќе требаше да се исплатат.

„Со линеарното зголемување на субвенциите од десет проценти, уште во оваа година, која што ги опфаќа и лозарите, а исто така ги информиравме и винариите дека е во процедура исплатата  на дополнителните субвенции од 2 и 3 денари“, Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

   Ви пренесуваме дел од атмоферата во текот на бербата во неколку винарии во земјава.