Музејот за вино во Демир Капија, еден од дванаесетте од ваков тип во светот

   Музејот на Вино Демир Капија е еден од четирите вакви музеи во Европа кои се посветени на виното, како и винските археолошките експонати, и еден дванаесетте вакви музеи во светот.  Во богатата колекција на музејот се наоѓаат и некои од најстарите експонати од ваков вид, како кристален бокал за вино кој е лично од австриската кралица Марија Терезија, рачно работен, како и пехар – чашата од Луј 14ти, која е рачно работена и рачно декорирана со флорални мотиви. За битноста на овој музеј во богатата винска историја на земјава, поразговаравме со Маја Јанчева, менаџер за туризам во Демир Капија и водич во овој музеј. 

Која беше иницијатива за отварање на Музејот на Вино Демир Капија ?

- Музеј на Вино Демир Капија е отворен на 7ми Октомври 2010 год.-тоа е денот на ослободувањето на Општина Демир Капија .Идеата за отварање на Музеј на вино потекнува од патронот на Музејот г-дин Звонимир Будимировиќ , кој е и донатор на 80 % од експонатите во Музејот, исто така голема заслужност за спроведување на истоимената идеа има и градоначалникот на Општина Демир Капија г-дин Трајче Димитриев кој несебично го додели просторот во кој е сместен Музејот , а и допринесе за дополнителна подршка која што беше повеќе од потребна . Денес Музеј на на Вино располага со три поставки, и тоа:

-Археологија- простор каде може одблиску да се запознаете со традицииите,обичаите и културата на народот кој живеел на тлото на Демир Капија ,
-Винска Галерија- различни видови на садови,шишиња,бокали од цел свет кои ја отсликуваат и прикажуваа винската конзумна култура , а имаме и изложбени дрвени камари за винариите кои се во тиквешкиот вински регион,  и

-Демир Капија низ стари фотографии и презентационен центар-презентационен центар за оние туристи кои немаат доволно време а сакаат да се запознаат со убавините на Демир Капија ,имаме спремен видео материјал кој е со прилагоден превод и на тој начин се одржува презентацијата.

 

Колку имате соработка со винариите од регионот и дали некои од нив веќе донирале по некој предмет ?

Во самата стратегија на Музејот е и соработката со различни институции и винарските визби. Винарските визби со кои што е воспоставена блиска соработка се кралската винарија Вила Марија, винаријата Стоби, Тиквеш, Попова Кула, Бовин, Капија и винаријата Филевски. Секоја од овие винарија има донирано дел од своите вина кои се претставени во Винската галерија на Музејот, а имаме и донации на различни експонати кои што исто така се изложени во некоја од поставките на Музејот.

Кој е најстариот експонат во Музејот?

- Во поставките на Музејот има различни експонати кои се со различна периодизација. Се појавуваат различни периоди, различни стилови, форми и изработки, а сепак имаат една намена – сервирање и конзумирање на виното. Како едни од најстарите експонати ни се бокалите за вино кои датираат од третиот век пред нашата ера, во нив се полнело виното и од самиот бокал се точи истото. Доста уникатна ни е и фригијската амфора. Амфора води потекло од грчкиот назив amforeus а всушност претставува сад со две спротивни рачки и тесен врат, изработени од печена глина. Во античко времиња тие се користат за складирање и трансфер на масло, вино и житни култури. Имаме кристален бокал за вино кој е лично од австриската кралица Марија Терезија, рачно работен. Исто така во еден од постарите експонати спаѓа и пехар – чашата од Луј 14ти, која е рачно работена и рачно декорирана со флорални мотиви.

Музејот посветен на виното еден од ретките во светот. Колку ги има и дали имате соработка со останатите вакви музеи ?

- Во Р.Македонија Музеј на вино Демир Капија е прв основан музеј од ваков карактер и единствен, постојат четири музеи кои се посветени на винската конзумна култура во Европа, а нашиот е петти по ред, додека на ниво на светот, има дванаесет вклучувајќи го и нашиот. Нашите иницијативи се и соработка со музеите кои се од истиот тематски карактер во Европа а и надвор од неа, сеуште работиме на тоа.

Колку често имате посетители и од кои земји доаѓаат?

- Посетеноста на Музејот е релевантно доста зголемена, за краток период од своето постоење не' имаат посетено многу туристи, воглавно и домашни и странски туристи. Скоро секоја недела доаѓаат или по двајца, или индивидуално или пак организирано во групи за време на викендот. Како едни од почестите во нашиот музеј се Холанѓаните кои се импресионирани од презентацијата и збирката во музејот, па доаѓаат и повеќе пати во една туристичка сезона, потоа имаме доста посетеност и од Италијаните, Полјаци, Американци и др .
 

Работно време на Музејот на Вино Демир Капија е понеделник до петок од 8ч до 15ч , а сабота и недела по потреба. Повеќе информации за музејот на следниов линк http://www.museumdk.mk/index.php/mk