Concours Mondial de Bruxelles 2016, Пловдив, Бугарија

Concours Mondial de Bruxelles (CMB), е едно од најпрестижните вински натпреварувања во светот кој оваа година, од 29ти до 1ви мај, ќе се одржи во Бугарија,  Пловдив, кој е прогласен за европски град на културата за 2019-та година.

Concours Mondial de Bruxelles е репер за интернационалните вински натпревари во светот од следниве причини:

  • Експертиза- Интернационален вински натпревар кој се одржува во различни земји веќе 22 години
  • Кредибилитет- Речиси 9000 примероци од целиот свет се дегустираат на слепо од 320 одбрани интернационални експерти за вино. Резултатите се проверуваат од FPS Economy department и примероците се проверуваат пред и по завршување на дегустациите. 
  • Промовирање- Стикер со медал од Concours Mondial de Bruxelles е достапен за вината кои ќе освојат медал.

Оваа година, како одговор на глобализацијата на винскиот пазар кој нуди можности, но и предизвици, Concours Mondial de Bruxelles си постави три долгорочни цели:

  • Да им овозможи на производителите да ги споредат и позиционираат своите вина и да идентификуваат нови можности
  • Да им се овозможи на дистрибутерите да направат атрактивни портофилија на вина од целиот свет за полесно да се позиционираат на глобалниот пазар за вино
  • Да им се овозможи на конзументите да ги препознаат вината во кои ќе уживаат и да добијат повеќе за цената која ја плаќаат за одредено вино на селекциите на вино кои ги има се повеќе. 

Во последните 20 години, CMB се одржа на локации како Бордо, Лисабон, Валенсија, Палермо, Братислава и Лидо ди Јесоло, како и градови во едни од земјите кои се најголеми консументи на вино, како Маастрихт (Холандија) и се разбира, главниот град на Европа, Брисел. За дваесет и второто издание на CMB во Пловдив, се очекува да бидат пријавени повеќе од 8000 вина од преку 40 земји, како и 300 дегустатори кои ќе бидат присутни како вински судии.  

За повеќе информации кликнете на следниов линк 
http://emailing.concoursmondial.com/source/concoursmondial/2016/prod-2/E...